дома Македонија Пренџов: Цивилитe во Изpaeл не cмeaт да ce кopиcтaт кaкo вoeни цeли

Пренџов: Цивилитe во Изpaeл не cмeaт да ce кopиcтaт кaкo вoeни цeли

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов се огласи на Фејсбук по последните рактени напади на Хaмас врз Израел притоа коментирајќи го официјалниот став на UNSCO тело на Обединети Нации задолжено за мир на Блискиот Исток.

Пренџов истакна цивилите во Израел не смеат да се користат како воени цели.

-И денес, Организацијата на Обединетите Нации констатира и алармира дека “Хамас” се служи со неселективно лансирање на ракети како и испалување на ракети од минофрлачи во густо населени ЦИВИЛНИ делови во Израел. Недолжно цивилно население гине во Израел.

Со ова, како што стои во објавата на UNSCO, флагрантно се кршат сите меѓународни хуманитарни закони.

Цивилите во Израел не смеат да се користат како воени цели.

Израел има полно право да ги брани своите граѓани.

Нападите од Хамас не бираат вера, национална или етничка припадност.

Ова мора да се сопре час поскоро, пишува Пренџов.