дома Актуелно ПРЕСТРЕЛКА НА ПАРТИЗАНСКА: Пресметка на скопското подземје или нешто друго?

ПРЕСТРЕЛКА НА ПАРТИЗАНСКА: Пресметка на скопското подземје или нешто друго?

Во престрелка на крстосницата меѓу Партизанска и Париска улица вечерва е ранет еден човек. На пукањето претходело бркотница со автомобили.

Според информациите на 24 Вести станува збор за напад, при што возилото на човекот кој бил нападнат е превртено за што сведочи и фотографијата на 24 Вести.

Бркотницата почнала од бензинската Макпетрол. Ранетиот е пренесен на КАРИЛ. 24 Вести јавува дека најверојатно станува збор за пресметка на подземјето.

Неофицијално ранетиот пред неколку месеци учествуваше во тепачка во едно скопски кафуле кога еден човек беше прободен со шрафцигер во главата.