дома Временска Прогноза Претпладне облачно, попладне вpнежи и гpмежи

Претпладне облачно, попладне вpнежи и гpмежи

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град.

Дневните температури ќе се движат од 25 до 33 Целзиусови степени – Скопке 31, Маврово 25, Охрид и Крива Паланка 29, Битола 31, Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 33.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 24 до 33 степени.