дома Хроника Претрес во дом на 43. годишен охриѓанец – полицијата пронашла оружје

Претрес во дом на 43. годишен охриѓанец – полицијата пронашла оружје

Денеска (17.12.2021) во 09.30 часот на ул.„Винковачка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Г.С.(43) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка од руско производство со калибар 16 мм, една воздушна пушка, една пушка „Црвена застава“ и повеќе куршуми од различен калибар, кои ги поседувал без дозвола.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.