Претседателот на МАНУ: Македонија е хибpиден peжим и зapoбена држава со целосна партизација на општеството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се наоѓа во групата хибридни режими, истакна во вечерашното гостување академик и претседател на МАНУ Љупчо Коцарев во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Индексот за демократија на списанието Економист дава слика на состојбата на демократијата ширум светот во 165 независни држави и две територии. Индексот на демократијата се заснова на пет категории: изборниот процес и плурализамот; функционирањето на владата; политичкото учество; политичката култура; и граѓанските слободи. Врз основа на низа индикатори во овие категории, секоја земја потоа се класифицира како една од четирите типа на режим: „целосна демократија“, „дефектна/погрешна демократија“, „хибриден режим“ и „авторитарен режим“. Бројките за 2019 година се овие: бројот на „целосни демократии“ изнесува 22, бројот на „погрешни демократии“ 54, 37 држави се класифицирани како „хибридни режими“, додека 54 се „авторитарни режими“. Интересно, во 2019 година просечната глобална оценка за демократијата изнесуваше 5,44 (на скала од 0 до 10), што е најлошата просечна глобална оценка на индексот од 2006 година, од кога првпат почна да се пресметува. Демократијата, во светски рамки се намалува.
Македонија се наоѓа во групата хибридни режими. Во однос на петте категории, еве ги бројките за Македонија (на скала од 0 до 10): изборен процес и плурализам 7.00; функционирањето на владата 5.36; политичко учество 6.67; политичка култура 3.75; и граѓанските слободи 7.06.

Филозофите и мислителите (од дамнина до денешни дни) укажуваат на аргументи во корист и против демократијата. Деталниот опис на овие аргументи ќе го оставам за друго време, тука, накусо, ќе спомнеме некои од нив. Според некои мислители, демократијата има предност затоа што ги принудува носителите на одлуки да ги земаат предвид интересите, правата и мислењата на повеќето луѓе во општеството. Од друга страна, некои мислители објаснуваат дека во демократските општества, демократскиот процес на одлучување има тенденција да ја истакне важноста на изборната победа за сметка на стручноста што е неопходна за правилно управување со општеството.
Други укажуваат дека граѓаните не само што не се информирани за политиките, туку, дури тие се честопати апатични, што остава простор, посебни интересни групи да го контролираат однесувањето на политичарите и да ја користат државата за свои ограничени цели.

Во Македонија, политичките партии наместо да промовираат демократски стремежи и процеси, со начинот на кој ја практикуваат власта, го освоија просторот надвор од својата претпоставена сфера и го заробија општеството однатре (заробена држава). Тие ги заменија другите институции и воспоставија своја логика на функционирање, придонесувајќи, на овој начин, за целосна партизација на општеството. За да политичките партии, кои, без сомнение, заземаат централно место во модерните демократски општества, се афирмираат како промотори на демократските процеси, нужни се неколку промени.

Прво, неопходна е демократизација внатре, во самите политички партии. Партии со крајно авторитативна внатрешна структура и хиерархија не можат да промовираат демократија во општеството ниту кога се во опозиција, а уште помалку кога ќе дојдат на власт. Второ, од партиите се бара примена на универзалните стандарди на „добро владеење“, формулирани во меѓународните конвенции што се однесуваат на злоупотребата на власта, криминалот и корупцијата. Трето, неопходно треба да се подобри уставната и законската рамка што го регулира организирањето и дејствувањето на партиите, дециден беше Коцарев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This