дома КОВИД-19 (Коронавирус) Претседателот на Советот на општина Валандово позитивен на ковид-19

Претседателот на Советот на општина Валандово позитивен на ковид-19

Претседателот на Советот на општина Валандово, Владимир Марков, денеска ја потврди информацијата дека бил позитивен на Ковид-19 и изјави дека, за разлика од претходните неколку денови, од утрово се чувствувал подобро.

Тој се лекувал во домашни услови, и моментно е изолирaн од членовите на семејството кои покажале нeгативни резултати на тестирањето.

Поради новонастанатата ситуација, валандовскиот совет својата наредна седница ја закажа за петок, 30 октомври и ќе ја одржи далечински.

Инаку и во општина Валандово eпидемиолошката ситуација е нeповолна. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на територијата на општината активни на Ковид-19 се 39 пациенти.