дома Македонија ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УМС СО ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОСКА: Јаулески својата поддршка ја...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УМС СО ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОСКА: Јаулески својата поддршка ја изрази за професорката Гордана Силјаноска Давкова

Претседателот на Унијата на млади сили, Јован Јаулески својата поддршка ја изрази за професорката Гордана Силјаноска Давкова на претстојната Конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Струга на својот ФБ-профил.

–Како Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ давам лична и отворена поддршка за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова на претстојната Конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Струга. Професорката Силјаноска која имав и чест лично да ја запознаам и да учам од неа, како нејзин студент по Уставно право е голем педагог, чесен и одговорен човек кон секоја работа која ја работи. Професорката е синоним за одбрана на Уставот и уставниот поредок. Како човек кој потекнувам од Струга, многу убаво се сеќавам кога професорката застана во одбрана на уставноста и се изјасни против Законот за територијална поделба, кој и нанесе големи штети на државата, професорката застана на браникот на уставноста и при гласањето на законот за двојазичност, против кој изразито се спротивстави и на чија неуставност укажа. Професорката е безкомпромисна кога се работи за правото ова го докажа и при застанувањето против договорот од Преспа со кој се менува уставното име на државата. Јас сум цврсто уверен, дека професорката Силјаноска со своето огромно академско и животно искуство ќе биде вистински Претседател на државата, која ќе ги брани Уставот и законите и секогаш ќе се води првенствено од интересот на граѓаните, напиша Јаулески на својот Фејсбук профил.