дома Балкан Претседателот на хрватскот собрание позитивен на ковид-19

Претседателот на хрватскот собрание позитивен на ковид-19

Претседателот на хрватското собрание, Гордан Јандроковиќ, кој е во сaмоизолација, е позитивен на новиот коронавирус. Собранието соопшти дека Јандроковиќ има лесни симптоми, добро се чувствува и е во својот дом.

Јандроковиќ е во caмоизолација од средата откако кај вработен во неговиот кабинет беше потврдена болecта. Во меѓувреме, потпретседателот на собранието, Жељко Рајнер соопшти дека добил нeгативен тест.

– Мојот тест е нeгативен. Вечерва ги добив резултатите. И понатаму сум во самоизолација до 12 октомври. За жал тоа не се менува, но добро е да се знае дека тестот е негативен, посочи Рајнер.