дома Македонија ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕ ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО: На веб-страницата на претседателот Иванов се уште...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕ ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО: На веб-страницата на претседателот Иванов се уште стои Република Македонија!

Веб-страницата на претседателот, се уште прикажува дека се работи за претседател на Република Македонија, откако на сила стапија уставните измени за промена на името по диктакт на јужниот сосед

 

„Претседател на Република Макеоднија д-р. Ѓорѓе Иванов“, стои на насловната страна на веб-сајтот на претседателот, кој очигледно не ги прифаќа уставните измени со кои се врши промена на уставното име.

Претходно, на официјалните веб-страници на владата и министерствата, од Република Македонија името беше променето во неуставното согласно договорот со Грција.