дома Социјални Мрежи ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ: Професорот Росоклија со коментар за одлуката на претседателот Иванов

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ: Професорот Росоклија со коментар за одлуката на претседателот Иванов

Светски признатиот професор Горазд Росоклија, на својот ФБ профил ја искоментира одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпишува законот за ратификација на капитулатнскиот договор кој го потпиша владата на Зоран Заев со Грција

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ!

А НИЕ?

ДАЛИ НИЕ ЌЕ ЈА СОЧУВАМЕ НАШАТА ДРЖАВА ИЛИ ЌЕ БИДЕМЕ ВТОРА КАТЕГОРИЈА ГРАЃАНИ ВО ТУЃА?“, напиша членот на Македонска академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк на својот профил на „Фејсбук“.

Во меѓувреме, тој реагираше и на ѕидот на Фејсбук-страницата на професорката Билјана Ванковска, критикувајќи ги „скромноумните“ за бришењето на историјата „што сите ние сме ја создавале како Македонци“, а по желба на Грција и на Бугарија.

„Може ли ум кој не е психопатски да направи и да предложи договор со кој се брише постоењето на еден народ, на една нација, македонската, и се брише историјата што тој народ и таа нација ја создавале барем во последните 130 години? Има ли земја во целата историја на сите постоечки цивилизации на која некоја друга земја, секогаш непријателска кон неа, земја која извршила геноцид врз нејзиното население, да ѝ ја пишува историјата? Можен ли е разговор во кој ти не сакаш да ми го изговориш името и не го признаваш моето постоење? Самиот факт дека некој мисли дека може воопшто да дискутира за мојот национален идентитет е израз на екстремен примитивизам и никој нормален не би влегол во таков дијалог со таква личност.

Кој ѝ брани на модерната грчка држава во својот идентитет да ја внесе критската култура со која нема ама баш никаква врска? Каква врска имаат модерниве Грци со микенската култура која ја уништила критската и каква врска има микенската култура, за која Грците викаат дека е основа на нивната, со северна Грција? Северно од Олимп нема никаква трага, апсолутно никаква, од таа микенска култура, а за критската и да не стане збор. Двете култури се уништени од Грците, оние што ги знаеме како Хелени (Атина, Теба, Спарта). Според византолозите, Острогорски е еден од нив, 70 отсто од населението на Пелопонез во 6 век зборува словенски јазик и имињата на населбите се словенски. Овие денес ли се наследниците на Сократ и на Платон. Но, тоа се цивилизациите на територијата на која тие ја формирале нивната модерна држава и, како сите други народи (Египет, Иран и така натаму), тие цивилизации ги инкорпорираат во својот идентитет. Истите нам ни кажуваат дека тоа што е цивилизација на нашата територија ние не смееме да го инкорпорираме во нашиот идентитет? Кој го искачи Монт Еверест и со кое знаме загина околу телото? Димитар Илиевски, со македонско знаме, со идеја на генерациите кои доаѓаат да им остави и да им оставиме една точка, еден успех за идентификација. По желба на Грција и на Бугарија, скромноумните ќе ја бришат историјата што сите ние сме ја создавале како Македонци? Зошто? Зошто да го направиме тоа? За обезеличени како народ и нација да бидеме дообезличени од стотици илјади бегалци и да станеме европска депонија која ќе ја оградат со бодликава жица, а на која ѝ ветуваат прогрес? Прогрес е Европа и САД да стипендираат 100 или 1.000 млади Македонци годишно на водечки универзитети, што е цена на само една томахавк-бомба, а не е прогрес тие млади луѓе да гинат низ светот во војни кои не се наши“, напиша Росоклија.