Прехранбени пакети за штитениците од Домот за стари лица „Мајка Тереза“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод одбележување на Неделата на грижа за стари лица, денеска, претставници од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при општина Карпош, ги посетија луѓето кои престојуваат во домот за стари лица „Мајка Тереза“, во населбата Злокуќани.  Средбата се одржа во дворот на оваа установа, со цел да бидат запазени протоколите за заштита од ковид -19.

Во оваа пригода, Општината обезбеди пакети за лична употреба кои содржат прехранбени продукти, наменети за 60-тина штитеници од домот.  На средбата, се разговараше за унапредување на условите за престој на лицата од „трето доба“ кои се сместени во овој објект. Со оглед на тоа што оваа установа се наоѓа на територија на Карпош, локалната самоуправа во континуитет се грижи за старите лицата, преземајќи низа инфраструктурни зафати во рамки на објектот во кој престојуваат тие.

Инаку, Општина Карпош секоја година традиционално ја организира оваа средба, во рамки на одбележување на 13. Ноември – патрониот празник на  домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This