дома Хроника ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА АЛБАНЦИ: Немале регулиран престој во Македонија, завршиле во полициска станица

ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА АЛБАНЦИ: Немале регулиран престој во Македонија, завршиле во полициска станица

Во текот на вчерашниот од 11:40 до 13:20 часот, врз основа на претходно добиена наредба од судија за претходна постапка од Основниот суд во Тетово, од страна на полициски службеници од СВР Тетово, во с. Порој и во Тетово на улицата “Иво Лола Рибар“ бил извршен претрес во дом и помошни простории сопственост на Е.А.(49).

При извршениот претрес во домот на Е.А. во Тетово биле затекнати албанските државјани Г.М.(33), А.С.(33) и Д.С.(32).

Истите, поради нерегулиран престој во Р. Македонија биле приведени и задржани во полициска станица.