ПРИВЕДЕН ДИРЕКТОРОТ НА НЕВРОХИРУРГИЈА ЧАПАРОВСКИ: Го пријавиле дека земал мито

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Универзитетската клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, бил повикан на разговор во полиција. Неофицијално, против него има поднесено пријава дека побарал мито од пациент.

165281

Како што објавија повеќе домашни медиуми, наводно Чапаровски побарал мито од илјада евра за лекување дете во странство.

Истрагата за случајот е во тек, а од МВР детали најавија за текот на денов.

Откако вчера повеќе медиуми ја објавија веста дека Чапаровски зел мито, од Лекарската комора соопштија дека правото на пресумција на невиност важи сè до завршувањето на постапката.

„Лекарската комора на Македонија, како професионална асоцијација на докторите, потсетува дека за секој граѓанин важи правото на пресумција на невиност сè до завршувањето на некоја постапка. Со тоа не се бега од одговорноста, туку се бара почитување на правото и законските процедури“, соопшти Лекарската комора.

Од тие причини, велат оттаму, апелираме тоа право да се почитува и за случаите во кои се инволвирани и докторите.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This