дома Хроника Приведен крадец – расчистени две кривични дела

Приведен крадец – расчистени две кривични дела

На 14.12.2021 во 13.30 часот на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.У.(36) од Тетово. Тој се сомничи дека на 09.12.2021 во дворот на УКИМ во Скопје од Е.Л.(27) од Скопје одзел мобилен телефон и пари и дека на 19.11.2021 пред влез во зграда ул.„11 Октомври“ од И.Ј.(76) одзел паричник со пари и лични документи.

Во присуство на Јавен обвинител оштетените извршија препознавање на осомничениот. Во координација со Јавен обвинител против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.