Приведен кумановец, подигнал пари од туѓа картичка – во станица признал уште 5 кривични дела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 16.12.2021 во 15.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.П.(33) од Куманово. За него бил распишан централен распис од ЕВР Кисела Вода, поради сомнение дека на 12.10.2021 од банкомат во маркет на ул.,, Ѓорги Димитров” во Скопје без овластување подигнал пари со картичка на женско лице од Скопје.

Во службен разговор во полициска станица тој го појаснил делото, истовремено признавајќи дека сторил уште пет кривични дела во текот на овој месец во маркети и други продажни објекти на територијата на Куманово, од кои едно „тешка кражба“ и четири „кражби“.

По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This