дома Актуелно ПРИГОВОРИТЕ НА БЕСА АПСОЛУТНО БЕСПРЕДМЕТНИ: Бедредин Ибраими нема намера да го прекршува...

ПРИГОВОРИТЕ НА БЕСА АПСОЛУТНО БЕСПРЕДМЕТНИ: Бедредин Ибраими нема намера да го прекршува законот и да предизвикува хаос!

Јас сум правник и работам строго по Закон, и овие приговори се апсолутно безпредметни. Законот и правилниците ни го велат тоа, изјави Бедредин Ибраими, на денешната седница на ДИК, по однос на приговорите од паријата БЕСА.

 

-Нека знаат јасно сите граѓани, дека Државната изборна комисија ниту дели, ниту одзема мандати, ДИК ја контролира законитоста на спроведените избори и во случајов законитото одлучување по одредени приговори. Приговорите на господата од политичката партија БЕСА навистина немаат никаква потреба, ниту пак простор толку долго да се дебатира, рече Ибраими.

 

Тој додаде и дека законот мора да се почитува, во спротивно настанува хаос.

-Во оваа држава, како и во сите нормални држави треба да се спочитуваат закони и одредени подзаконски акти. Законите определуваат одредени прави, обврски и одговорности. Законите и подзаконските акти утврдуваат процедури и таму каде што не се почитува закон, без разлика каков и да е дали е добар или лош- закон е и треба да се применува, настанува хаос.