дома Социјални Мрежи ПРИЛЕПЧАНИ ГИ ИДЕНТИФИКУВАА ВАНДАЛИТЕ: Полицијата сеуште „трага“ по вандалите, прилепчани ги идентификуваа!

ПРИЛЕПЧАНИ ГИ ИДЕНТИФИКУВАА ВАНДАЛИТЕ: Полицијата сеуште „трага“ по вандалите, прилепчани ги идентификуваа!

Вчеравечер во центарот на Прилеп беше вандализиран споменикот на Александар Македонски, инаку донација од македонскиот бизнисмен Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, според полицијата, од страна на непознати лица

На социјалните мрежи сепак се појавија информации за тоа кои се вандалите кои го уништиле споменикот на најпознатиот македонски војсководец, а се работи за активисти на младинската организација на СДСМ, СДММ од Прилеп.

Јавноста се сомнева дека локалните полициски власти се обидуваат да ги сокријат и заштитат вандалите, имајќи во предвид дека полицијата потполно се партизираше од страна на Оливер Спасовски, кој брутално ги злоупотреби ресурсите на МВР во изборната кампања. 

Како што информираат граѓаните на социјалната мрежа „Твитер“, се работи за три лица познати на прилепската јавност, инаку активисти на СДММ од Прилеп.