дома Македонија ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ ПЛАЌААТ ВОДА КОЈА ЧИНИ КАКО НАФТА: За 60 проценти повисоки...

ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ ПЛАЌААТ ВОДА КОЈА ЧИНИ КАКО НАФТА: За 60 проценти повисоки цените на водата во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, пред два дена пред новинарите даде отчет за сработеното во 2019 година, но и за планираното во иднина.

Јованоски сепак заборави да спомне за повисоките сметки за вода за околу 60% кои од март месец ги добиваат прилепчани, иако тој во предизборието му ветуваше за 20% пониски.

Со новите цени за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани плаќаат 1345 денари, додека за 30 кубни метри 1607 денари месечно.