дома Занимливости Принцезата Шарлот среде бел ден влезе во кафуле во Лондон

Принцезата Шарлот среде бел ден влезе во кафуле во Лондон

Посетителите и вработените во лондонскиот паб се зачудија кога на вратата се појавија Кејт Мидлтон и малата принцеза Шарлот.

На малата принцеза и се одело во тоалет бидејќи долго време се возела низ метежот на лондонскиот автопат А3, па ја замолила својата мајка да застанат за да оди во тоалет. Кралскиот автомобил застанал пред пабот Феникс во лондонскиот кварт Стоквел, а малата принцеза со мајка и влегла на изненадување на гостите и отишла во тоалет.

Персоналот за „Дејли мејл” кажа дека во тоалетот прво влегол телохранителот за да провери дали е безбеден.

„Ова е доказ дека кралското семејство е како и секое семејство. Кога детето мора да оди во тоалет, ќе застанете и ќе го одведете во тоалет”, рече еден сведок на оваа „кралска нужда”.

Извор:makfax