дома Европа Принцот Вилијам 6oлeдyвa oд peдoк вид нa paк

Принцот Вилијам 6oлeдyвa oд peдoк вид нa paк

WOKING, UNITED KINGDOM - SEPTEMBER 12: (EMBARGOED FOR PUBLICATION IN UK NEWSPAPERS UNTIL 48 HOURS AFTER CREATE DATE AND TIME) Prince William, Duke of Cambridge visits McLaren Automotive at the McLaren Technology Centre on September 12, 2017 in Woking, England. (Photo by Max Mumby/Indigo/Getty Images)

Најстариот син на принцезата Дајана, 38. годишниот принц Вилијам, открил дека боледува од редок и напреднат вид на рак, пренесуваат светските медиуми. Вилијам во последно време изгледала уморно и бледо, а наводно тоа било последица на опасната болест.

На Вилијам болеста му била дијагностицирана откако тој се тестирал на ковид 19, тврди магазинот Natinal Enquirer. Лекарите му откриле дека боледува од редок вид на рак, кој е во напреден стадиум, кој расте во неговото тело веќе три години.

Добро упатен анонимен извор од кралската палата, открива дека принцот Чарлс знаел за тоа, но молчел заедно со кралското семејство. Тоа го криеле од јавноста, исто како и веста дека Вилијам е заразен со коронавирус.

Веста дека Вилијам кој е вториот член по ред за британската круната, боледува од редок вид на рак, кој ќе биде тешко да се излекува, затоа што не бил откриен на време, длабоко го потресла кралското семејство, а најмногу неговата сопруга Кејт Мидлтон и децата, Џорџ, Шарлот и Луис.

Како што пренесува извор близок до кралското семејство, Кејт целосно се скршила кога ја дознала веста и дека со денови не излегувала од дома. Дури по неколку дена, таа успеала да собере сили и да застане на нозе.

„Вилијам ја убедува дека ќе го победи ракот со помош на најдобрите лекари и дека нема причини за никаква загриженост. Но, Кејт се плаши од најлошото и сака да го искористи секој момент, да биде со него“, открива изворот.