дома Занимливости ПРИНЦОТ ФИЛИП ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА: Доброволно одлучи да престане да вози!

ПРИНЦОТ ФИЛИП ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА: Доброволно одлучи да престане да вози!

Британскиот принц Филип (97) одлучи доброволно да престане да вози, еден месец по сообраќајката што ја предизвика и во која беа повредени две жени, соопшти Бакингемската палата.

Од морални причини, сопругот на кралицата Елизабета Втора ја врати својата возачка дозвола на британските власти.

Ема Ферведер, која во нecpеќaтa се здоби со скршеници на рачниот зглоб, вели дека „токму тоа требало да го стори“ и дека сега патиштата ќе бидат побезбедни.

Принцот Филип на 17 јануари со својот џип „Ленд Ровер” удри во друго возило и притоа повреди две жени. Тој, како и едно деветмесечно бебе не беа повредени.