дома Свет ПРИРОДНА КАТАСТРОФА ВО ИДНОНЕЗИЈА: Повеќе од 429 зaгинaти и 1.400 пoвpeдени како...

ПРИРОДНА КАТАСТРОФА ВО ИДНОНЕЗИЈА: Повеќе од 429 зaгинaти и 1.400 пoвpeдени како резултат на цунaмито во Сунда

Билансот на жртвите од цунамито што на 22 декември го погоди теснецот Сунда во Индонезија, се зголеми на 429 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, истакна дека бројот на загинатите во цунамито што го погоди теснецот Сунда помеѓу островите Суматра и Јава, се зголеми на 429 лица, а дека бројот на повредени изнесува 1.400 лица.

Според Нугрохо, најмалку 128 лица сѐ уште се водат за исчезнати. Активностите за евакуација, пребарување и спасување во погоденото подрачје продолжуваат. Овластените лица претходно изјавија дека причината за појавата на цунамито биле ерупциите на вулканот Анак Кракатау, кој се наоѓа во таа област.

По интензивирањето на ерупцијата на вулканот Анак Кракатау во септември, алармантната состојба беше покачена на највисок втор степен.

Во земјотресот со јачина од 7,5 степени што на 28 септември се случи во заливот Палу, на островот Сулавеси, и во цунамито што следуваше по земјотресот, животот го загубија 2.000 лица, а околу 1.500 лица се водат за исчезнати.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Огнен појас“ во Тихиот Океан, каде што тектонските плочи се судираат и предизвикуваат чести сеизмички и вулкански активности.

Во земјотресот со интензитет од 9,1 степен што на 26 декември 2004 година се случи во Индонезија и во цунамито што следуваше по него, вклучувајќи ги и другите земји во регионот, животот го загубија 230.000 луѓе.