дома Актуелно Пристигнаа peзултатите од тестот на 3aeв

Пристигнаа peзултатите од тестот на 3aeв

Премиерот Зоран Заев попладнево соопшти дека е негативен на Ковид-19 по контактот со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој е позитивен на вирусот.

-Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен. Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, напиша Заев на Фејсбук.