дома Балкан Притвop за шефот на тајната служба на БиХ поради coмнeние за перење...

Притвop за шефот на тајната служба на БиХ поради coмнeние за перење пари и фaлcифиkyвање на универзитетска диплома

Шефот на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОСА), Осман Мехмедагиќ, по извршениот распит бил однесен во одделот за притвор на МУП на Сараевскиот кантон, а во меѓувреме, полицијата изврши претрес во неговата куќа.

Мехмедагиќ беше уапсен утрово и испрашуван од Министерството за внатрешни работи, а за тоа време полицијата изврши претрес во неговата куќа и ја утврди нејзината вредност, имајќи предвид дека тој е обвинет за перење пари при купување на две куќи во Сараево, објавија сараевските медиуми.

Обвинителството на Босна и Херцеговина спроведува истрага против Мехмедагиќ и во аферата „Диплома“, со која се утврдува валидноста на неговата диплома добиена на Американскиот универзитет во Тузла.