дома Политика ПРИТИСОЦИ ВО ПРИЛЕП: Локалните медиуми од Прилеп обвинуваат дека се врши притисок...

ПРИТИСОЦИ ВО ПРИЛЕП: Локалните медиуми од Прилеп обвинуваат дека се врши притисок врз гласачи пред очите на полицијата!

Со службени возила на МВР, партиски лица и агитатори го нарушуваат изборниот процес во Прилеп, обвинува локалниот портал во Прилеп „Маркукуле“

 

Како што се вели во текстот, „со директни притисоци некој се обидува да ја угуши демократијата и да ги заплашува граѓаните слободно да ја изразат својата волја.“

Сите граѓани самостојно и слободно треба да ја изразат својата волја и никакви надворешни влијанија или вршeњe притисок врз нивната одлука не треба бидат толерирани.
Но каде да се обратат граѓаните доколку притисокот се врши токму со помош на МВР ?!