дома Македонија ПРИТИСОЦИ ВРЗ ГРАЃАНИТЕ ПРЕКУ СМС ПОРАКИ: Лажни СМС пораки се пуштаат до...

ПРИТИСОЦИ ВРЗ ГРАЃАНИТЕ ПРЕКУ СМС ПОРАКИ: Лажни СМС пораки се пуштаат до гласачите, се вршат невидени притисоци!

Граѓани до нашата редакција испраќаат фотографии од СМС пораки кои пристигнуваат на нивните телефонски броеви, а како што тврдат се од лажен број, бидејќи како што велат кога се обидуваат да ѕвонат на истиот никој не се јавува

 

СМС пораки со лажна содржина, во која е наведен наводен повик од ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните да излезат и да гласаат од утринава се пуштаат по граѓаните кои до нашата редакција испратија поплаки за вознемирување. 

Освен овие пораки, од утринава кружат слични СМС пораки во кои се бара излегување на референдумот, но дополнително се бара од граѓаните да убедат уште неколку лица, роднини и пријтели да излезат да гласаат, а нивните имиња да бидат запишани на список.

Претходно, жители на Прилеп на социјалните мрежи објавија фотографии од нудење на поткуп пред гласачко место.