дома Актуелно ПРИФАТЕНИ МОНСТРУОЗНИТЕ ПРЕДЛОЗИ: Мухамед Зекири од СДСМ потврди дека и тие го...

ПРИФАТЕНИ МОНСТРУОЗНИТЕ ПРЕДЛОЗИ: Мухамед Зекири од СДСМ потврди дека и тие го прифатиле барањето да бидат ослободени терористи!

Заев и СДСМ ги прифатиле барањата од Тиранската платформа за ослободување на терористите од „Монструм“, „Сопот“, „Бродец“ и „Диво Насеље“ соопштија денес претставниците на ДУИ, Алијансата за Албанците и СДСМ во дебатната емисија на ТВ 21

Уште во првите 100 дена од формирање на имагинарната влада, СДСМ се согласиле да се разгледаат наведените случаи во кои осудени терористи би требало да добијат ослободителни пресуди.

Ова го потврдуваат и од ДУИ и од Алијансата за Албанците, а членот на Извршниот одбор на СДСМ Мухамед Зекири потврди дека и тие се согласиле на овие барања.

Освен ова, СДСМ се согласиле и за воведување на двојазичност, промена на грбот, химната, знамето и името.