дома Македонија ПРИФАТЕН ПРЕДЛОГОТ НА СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Општина Карбинци ги ослободи бранителите од...

ПРИФАТЕН ПРЕДЛОГОТ НА СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Општина Карбинци ги ослободи бранителите од давачки кон локалната власт!

Општина Карбинци ги ослободи бранителите да плаќаат давачки кон локалната власт. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев за МИА вели дека одлуката е прифатена едногласно на седницата на Советот на Општина Карбинци, а која што доаѓа на предлог на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

-Донесената одлука значи ослободување на бранителите за плаќање на комуналии за градба, односно за уредување на градежно земјиште, потоа ослободување од плаќање на данок на имот и плаќање на надоместок за згрижување на деца од претшколска возраст во градинката, која се наоѓа во село Таринци, вели Насев.

Тој забележува дека немаат податоци, колкав е бројот на бранители, кои имаат адреса на живеење во општината. Овие бројки ќе се знаат откако бранителите ќе ги искористат можностите што им ги дава општината. И покрај тоа што оваа мала рурална општина нема големи финансиски капацитети, сепак Насев смета дека ќе им излезат на барањата на бранителите. Ваква иницијатива е доставена и до штипскиот Совет, но засега по неа се немаат изјаснето советниците.