дома Балкан Приштина порача: „Мини Шенген“ не постои за нас

Приштина порача: „Мини Шенген“ не постои за нас

Владата на Албин Курти продолжува да се спротивставува на „мини Шенген“, изјавувајќи дека е за регионална соработка, но само врз основа на еднаквост и реципроцитет, објавија приштинските „Репортери“.

Владиниот портпарол во Приштина, кој се спротивставува на иницијативата, рече дека прашањето за балканскиот „мини Шенген“ никогаш не било тема во владата.

„За Владата на Косово, мини-Шенген никогаш не бил релевантен. Ние сме отворени за регионална соработка на таков начин што таа не го заменува проектот на ЕУ и нашата интеграција“, рече Криезиу.
Тој изјави дека е оправдано одобрување на двете иницијативи на владата на Курти за потпишување меѓународни договори што ќе го олеснат движењето на граѓаните во регионот на Западен Балкан.

„Она што го правиме е дел од Берлинскиот процес, кој е поддржан од канцеларката Меркел и чија цел е поддршка на Западен Балкан за интеграција во ЕУ. Нашата подготвеност да бидеме отворени за регионална соработка е да му служиме на Косово во интеграцијата во ЕУ, а не да го замениме со идеи родени во Нови Сад“, рече Кријезиу, како што објави косовскиот интернет портал.

Како што се наведува, вицепремиерот на Северна Македонија, Фатмир Битичи, побара поддршка од Косово за регионалната иницијатива „мини Шенген“, што е исто така обврска на Косово од Вашингтонскиот договор.

„Мислам дека треба да ја поддржиме секоја иницијатива што ќе ги зголеми можностите за нашите граѓани на Западен Балкан. Треба да видиме кои се економските придобивки и мислам дека почетокот на регионалната соработка вклучува економски можности и придобивки. Затоа, јас ги гледам сите земји од Западен Балкан како еднакви, еднакви, бидејќи само на тој начин можеме да одиме напред во предизвиците што нè очекуваат“, рече тој.