Вчера претпладне во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.О. (53) пријавил дека во с. Арнакија-скопско, додека управувал патничко моторно возило, а во возилото носел дневен промет од фирма, го пресретнале три непознати лица кои биле со патничко возило, а двајца од нив имале оружје.
А.О. го стартувал своето возило и избегал, по што случајот го пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.