дома Хроника ПРОВЕРЕНИ РЕКЕТАРСКИ МЕТОДИ: Во текот на вчерашната вечер изгореа две возила во...

ПРОВЕРЕНИ РЕКЕТАРСКИ МЕТОДИ: Во текот на вчерашната вечер изгореа две возила во Скопје!

Во текот на вчерашната вечер во главниот град на државата, полицијата регистрирала дури две запалени возила на различни локации во Скопје. Според информациите во медиумите нема повредени, но за жал ова појава стана секојдневие за граѓаните на Скопје. Од шпекулациите кои кружат во јавноста станува збор за стари и проверени рекетарски методи, за изнудување на пари од моќници.

Противпожарната бригада на град Скопје информира дека, во гасењето на првиот автомобил што бил запален на улицата „Дурмиторска“ бр 8а учествувало едно противпожарно возило со четири пожарникари, а од пожарот, била предизвикана штета во вредност од 150.000 денари. Пожарот бил локализиран во периодот од 2:35 до 3:35 часот.
Второто возило било запалено на улицата „Мирослав Крлежа“ бб и во неговото гасење траело во периодот од 4:05 до 5:10 часот утринава и исто така, учествувало едно противпожарно возило со четворица пожарникари. Штетата што е предизвикана од вториот пожар засега е неутврдена.