дома Здравје Проверете го здравјето со 3 мини-теста: Можете да си го спасите животот!

Проверете го здравјето со 3 мини-теста: Можете да си го спасите животот!

Со овие мини-тестовци можете истиот момент да го проверите вашето здравје и можеби дури да го спасите својот живот.

Научниците велат дека начинот на кој ги изведувате секојдневните активности може да ви каже повеќе за вашето здравје отколку вадењето на крвта или скенирањето на мозокот. Со овие мини-тестови можете истиот момент да го проверите вашето здравје и можеби дури да го спасите својот живот! Бидејќи, ако резултатите не се најдобри ќе имате добра мотивација за подобрување на здравјето.

1. Стоење на една нога

Обидете се да стоите на една нога, со широко отворени очи, и останете во таа позиција најмалку 60 секунди. Ако почнете да губите рамнотежа по само 20 секунди, можно е ризикот од болести на мозокот да е зголемен. Во едно јапонско истражување 30 отсто испитаници кои не можеле да држат баланс имала мозочни микрокрвавења. Иако е потребно подолго време за крвавењето опасно да го загрози здравјето (деменција, мозочен удар), тоа има директно и моментално влијание на рамнотежата и помнењето.

2. Дали можете да станете и потоа повторно да седнете?

И тоа да го повторите 10 пати? Станете и седнете 10 пати и следете колку време ќе ви биде потребно. Британското истражување покажало дека оние кои можеле да станат и потоа пак да седнат до 10 пати во рок од 21 секунда, имаат поголеми шанси за подолг живот. Имено, овој тест покажува колку имате енергија, колку се силни вашите мускули, каква е вашата координација и какви се вашите дишни системи. Научниците тврдат дека лошите резултати на овој тест можат да предвидат болести чиишто симптоми сè уште не се ниту појавиле.

3. Допрете ги своите ножни прсти!

Седнете на под, главата и грбот потпрени на ѕидот. Потоа, обидете се со рацете да ги допрете своите ножни прсти. Колку што е поголема оддалеченоста до вашите прсти, толку е поголема шансата да имате кардиоваскуларни проблеми. Докажано е дека флексибилноста на телото влијае и на флексибилноста на артериите. Кога артериите се флексибилни, крвта може непречено да циркулира. Но, ако тие се „закрчени“ поради нездравите навики и недостатокот на движење, срцето ќе има тешкотии во пумпањето на крвта, а вашето тело ќе биде во опасност од срцев удар.