дома Актуелно ПРОВЛАДИНИТЕ МЕДИУМИ ГО ПРОБИВААТ ДНОТО: Вмешуваат деца во политика – Груевски не...

ПРОВЛАДИНИТЕ МЕДИУМИ ГО ПРОБИВААТ ДНОТО: Вмешуваат деца во политика – Груевски не ги отпишал децата од „Димитер Миладинов“, се спрема за победа на локалните!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги нема испишано децата од училиштето „Димитар Миладинов“, ниту планира да заминува некаде. Напротив, Никола Груевски се подготвува заедно со народот да извојува победа на претстојните избори и да го означат крајот на срамното владеење на оваа расипничка гарнитура, се вели во соопштението, кое е реакција на денешните објави во неколку провладини медиуми.

Неколку провладини медиуми, меѓу кои Фокус и Плус инфо, денеска објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ги отпишал неговите две ќерки од Основното училиште „Димитар Миладинов“ и дека ќе ги запише во приватно училиште.


Од неговата партија стигна реакција во која се вели:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги нема испишано децата од училиштето „Димитар Миладинов“, ниту планира да заминува некаде. Напротив, Никола Груевски се подготвува заедно со народот да извојува победа на претстојните избори и да го означат крајот на срамното владеење на оваа расипничка гарнитура.