Прогноза на УХМР: Облачно и дождливо до вторник, од среда значителна промена на времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре ќе биде променливо облачно време, а попладне и вечер ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни особено во западните делови. Облачно и дождливо ќе биде до вторник, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

-Под влијание на студена воздушна маса, во вторник ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. На планините и на повисоките места особено на запад врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот можно е да провејува снег и на некои пониски места.

Поради разведрување во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни, соопштија од УХМР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This