дома Социјални Мрежи Продолжени договорите на 40те медицински сестри, од утре се враќаат на работа

Продолжени договорите на 40те медицински сестри, од утре се враќаат на работа

Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека од утре, 40те медицински сестри се враќаат на работа.

„Договорите со кои беа ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје им се продолжуваат. Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи“, соопшти Филипче.