дома Македонија ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ И ЗА ДАМОВСКИ: Апелација ја одби жалбата на Дамовски и...

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ И ЗА ДАМОВСКИ: Апелација ја одби жалбата на Дамовски и се стави во функција на хунтата

Апелацискиот суд ja одби жалбата на Борис Дамовски, еден од осомничените за минатогодишните настани од 27 април во Собранието на Република Македонија.

Второстепениот суд донесе одлука да го потврди првостепеното решение со кое Основниот суд Скопје 1 одлучи да му определи мерка 30 дена притвор на осомничениот режисер.

До сега Апелацискиот суд ги одби жалбите на сите осомничени кои побараа да им биде укината мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство на осомничените за настаните во Собранието.