По получасовната пауза, во Клубот на пратениците продолжи средбата на лидерите на четирите најголеми партии.
На лидерскта средба во Клубот на пратениците присуствуваа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Билал Касами од БЕСА.
Лидерите на политичките партии денеска повторно ќе се обидат да ги испеглаат разликите и да постигнат политички договор во врска со претстојниот референдум, датумот, референдумското прашање, неговиот карактер, изборот на ДИК…
Инаку, првите две лидерски средби се одржаа минатата недела- едната во проширен состав со присуство на лидерите на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, а втората во скратен состав по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
И на денешната средба во Клубот на пратениците Заев е придружуван од вицепрмиерката Радмила Шеќеринска, Мицкоски е со професорката Тања Каракамишева, Али Ахемти се вицепремиерот Бујар Османи, додека Хасами е придружуван од Аријанит Хоџа.
По завршување на средбата се очекуваат изјави од лидерите.