дома Политика Продолжуваат предизборните активности на партиите

Продолжуваат предизборните активности на партиите

Коалициите и политичките партии – учесници на претстојните предвремени парламентарни избори денеска продолжуваат со активностите во рамки на кампањата.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка

 Шефот на Општинскиот изборен штаб на ДУИ во Тетово Џеват Адеми на прес-конференција ќе го оцени досегашниот тек на предизборната кампања, ДПА ќе одржи митингво Слатино, а  коалицијата „Алијанса за Албанците“ во Струга.