дома Актуелно ПРОДОЛЖУВААТ СКАНДАЛИТЕ ВО АРМ И МО: Шеќеринска унапредила лице пријавено за полов...

ПРОДОЛЖУВААТ СКАНДАЛИТЕ ВО АРМ И МО: Шеќеринска унапредила лице пријавено за полов напад во полковник!

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во чин полковник унапреди офицер кој во 2012. година бил вратен од мисијата на АРМ во Авганистан поради обид за силување на жена-војник

Офицерот Хајро Али кој извршил полов напад, неодамна заедно со уште три свои офицери колеги е унапреден во чинот полковник од министерката Шеќеринска. Неофицијално за овој случај постојат и документи и записници кој датираат од 2012 година, по пријавувањето на обидот за силување, а заедно со него бил вратен уште еден војник на АРМ кој го пријавил случајот за да се избегнат тензични ситуации во македонската единица – дознаваме од извори во АРМ.

Јавноста беше преплавена со феминистичката кампања и хаштагот #СегаКажувам, во која влијателни жени споделуваа негативни животни искуства во кои биле сексуално злоставувани. За иронијата да биде уште поголема поддршка за кампањата даде и првата жена министер во министерството за одбрана, Радмила Шеќеринска која унапреди офицер на АРМ кој сторил полов напад.