дома Македонија Продолжува комиската расправа за измените во Изборниот законик

Продолжува комиската расправа за измените во Изборниот законик

Собраниската комисија за европски прашања, предводена од Артан Груби, денеска во 11 часот продолжува со расправата за измените во Изборниот законик. Постапката во оваа комисија може да трае два дена, што значи дека гласањето по точката треба да се спроведе денеска.

Вчерашната расправа беше прекината откако ВМРО-ДПМНЕ, достави 400 амандмани коишто требаше да се преведат на албански јазик и да им се поделат на членовите на комисијта.

Ако точката биде изгласана таа оди на второ читање на пленарна седница во Собранието.