дома Актуелно ПРОДОЛЖУВА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА: За следните три дена се најавува обид за насилно...

ПРОДОЛЖУВА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА: За следните три дена се најавува обид за насилно сценарио на СДСМ во Собранието!

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи десетто продолжение на конститутивната седница на која треба да се изборат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

 

 

Согласно договореното, во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.

За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ за денес предупреди можни насилни сценарија на пратениците од СДСМ со цел поставување на претседател на Собранието надвор од Собраниската процедура.

Претходно и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски предупреди на вакво сценарио!