дома Македонија ПРОДОЛЖУВА ПОЛИТИЧКИОТ ПPOГOH: Јавното обвинитeлcтвo поднесе oбвинeниe пpoтив Јакимовски

ПРОДОЛЖУВА ПОЛИТИЧКИОТ ПPOГOH: Јавното обвинитeлcтвo поднесе oбвинeниe пpoтив Јакимовски

Јавното обвинителство поднесе обвинение против 11 лица, меѓу кој е и поранешниот градоначалник на скопската населба Карпош, Стевче Јакимовски. Според ОЈО Јакимовски сторил повеќе кривични дела како злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело бесправно градење.

Едно лице е обвинето дека сторило кривично дело злоупотреба на службената положба, седуммина се обвинети за несовесно работење во служба, додека две лица пак се товарат за бесправно градење.

Во обвинителниот акт пишува дека делата се сторени во периодот од 2011-2017 година, кога поранешниот градонашлник на Карпош како службено лице повеќе пати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на Македонија.