дома Македонија ПРОДОЛЖУВА РАСПРАВАТА ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ИЗМЕНА НА УСТАВОТ ВО КОМИСИЈАТА ЗА УСТАВНИ...

ПРОДОЛЖУВА РАСПРАВАТА ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ИЗМЕНА НА УСТАВОТ ВО КОМИСИЈАТА ЗА УСТАВНИ ПРАШАЊА, В ПОНЕДЕЛНИК СЕДНИЦА ЗА ГЛАСАЊЕ

Собраниската Комисија за уставни прашања денес во 14 часот треба да ја продолжи расправата по Предлог за пристапување кон измена на Уставот. Се очекува расправата да заврши денес, а пленарната собраниска седница за уставните измени е закажана за в понеделник.

Премиерот Зоран Заев вчера на доделувањето на државната награда „11 Октомври“  во Собранието, изјави  дека „работата ќе ја биде, само прашањето е дали брзо ќе биде„

„Немаме план Б, го нема до ден денеска, нема алтернатива. Сите сме должни да се исправиме пред одговорот што ако ова пропадне- рече Заев.

Договорот од Преспа не е одржлив и не може да живее изјавуваат од опозицијата.