дома Актуелно ПРОДОЛЖУВА СКАНДАЛОЗНОТО ОДНЕСУВАЊЕ: Кандидати за пратеници ликуваат на социјалните мрежи на несреќата...

ПРОДОЛЖУВА СКАНДАЛОЗНОТО ОДНЕСУВАЊЕ: Кандидати за пратеници ликуваат на социјалните мрежи на несреќата на Македонците од дијаспората!

Кандидатот за пратеник на една од политичките партии на својот ФБ профил објави лажна информација за резултати од гласањето во дијаспората поточно за резултати во Берлин, Цирих, Брисел и Сараево со бројки кои не соодветствуваат на бројот на гласачи запишани во избирачките списоци.

Откако беше фатен во безочна лага, кандидатот ја избришал лажната информација од својот ФБ профил, но продолжи со ликување дека дијаспората нема да има свој пратеник во Собранието на Р.Македонија поради барањето на неговата партија во Пржинскиот договор да влезе новата формула за гласањето на дијаспората, со што драстично се намалија шансите за претставник на Македонските иселеници.