дома Македонија ПРОДОЛЖУВА ТОРТУРАТА: Продолжен притворот на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко!

ПРОДОЛЖУВА ТОРТУРАТА: Продолжен притворот на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко!

Неофицијално дознаваме дека судот го продолжи притворот за уште 30 дена на единствениот македонски градоначалник надвор од Република Македонија Едмонд Темелко.

По Темелко се трагаше откако СЈО бараше притвор, а на 26 септември, сам се предаде на полицијата. Ова е второ продолжување на притворот, иако Едмонд Темелко се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Неговите роднини велат дека лошата здравствена состојба може да заврши со фатални последици за неговото здравје.

Дополнително на тоа информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита, што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега.

Инаку јавноста реагира дека на слобода се пуштаат докажани криминалци и убијци, но во притвор се држи борецот за права Едмонд Темелко. Најново разжештување се случи откако Врховниот суд случајот за убиството на децата кај Смилковското езеро го врати на повторно одлучување со што е извесно дека осудените сторители ќе се најдат на слобода, како и колективната амнестија која ја спрема владата за најмалку 1500 затвореници додека во притвор се држи Темелко.