March 28, 2024, 10:38 am

Промените на правилата за патување во Грција: Од денеска може да се патува и со брз тест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Промените на правилата за патување во Грција, односно можноста за влез во и со негативен антигенски рапид (брз) тест направен 48 часа пред пристигнувањето и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, веќе се објавени во Службен весник и во 6 часот утрово стапија во сила, а меѓу другото важат и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а освен двете промени, останатите правила се исти како и претходно и ќе бидат во сила до 26 јуни 2021 година.

Па така, како што пренесува МИА, за патување кај јужниот сосед задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот.

Кон Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This