дома Временска Прогноза Променливо облачно и студено време

Променливо облачно и студено време

Времето денеска ќе биде студено и променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -10 до 1, а максималната од -4 до 3 степени.

Во Скопје, слично време, умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 0 степени.

Локални врнежи од снег ќе има и во недела кон крајот на денот, особено во северните делови.

Од понеделник се најавува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.