дома Хроника Пронајдени двете лица кои се изгyбија на Пелистер

Пронајдени двете лица кои се изгyбија на Пелистер

Денес во поладневните часови две лица се изгубени во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер). Лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека. СВР Битола го известува Центарот за управување со кризи, а од страна на РЦУК Битола известени се Горска служба од Битола и ДЗС Битола.
Тимови за потрага и спасување излегоа на терен, воспоставија телефонски контакт со изгубените лица и добија информации за нивно последно движење како претпоставена локација, но за жал батериите и на двата телефонски апарати беа комплетно испразнети, а последната комуникација на службите за потрага на терен со лицата беше околу 19:30 часот.
Без разлика на неможноста за контакт и комуникација со изгубените лица, службите останаа на терен во потрагата по изгубените лица.

Во 20,00 чaсот тимот на Горската служба за спасување, и тимот за спасување во планини на ДЗС ги пронајдоа изгубените лица. Истите се во добра здравствена состојба.