дома Хроника Пронајдени 17 мигранти во близина на Радовиш

Пронајдени 17 мигранти во близина на Радовиш

На 26.06.2020 околу 21.00 часот под надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници од Полициската станица Радовиш биле пронајдени 17 лица-мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.

Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него. По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.