Утринава, на земјен пат во близина на регионалниот пат кон Косово полицијата пронајде бунер со оружје, информираат од МВР, од каде додаваат дека акцијата била спроведена во соработка со Управата за безбедност и контраразунавање
Но, експертите кои ги консултиравме, тврдат дека оружјето е со многу стар датум на производство и е веќе нефункционално.
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Оружјето кое може да се види на снимките е од постаро производство. Ваков тип на оружје, користеаПушкомитралезите со калибар 7.62 за кои МВР тврди дека се пронајдени, всушност се истиот тип на вооружување кои беа предавани во текот на 2002-2005 година (во времето на Хари Костов), а се дел од вишоците на соседните армии кои во периодот од 1990-1999 беа криумчарени и продавани на терористичките организации на Косово. Се сомневам дека ова оружје за кое МВР тврди дека е пронајдено, всушност е подметнато од страна на службите блиски до Спасовски, со цел оттргнување на вниманието на јавноста од вистинските проблеми и партизацијата на полицијата која ја спроведува СДС – смета Наталија Ивчева, екс-помошник министер во МВР.[/kopa_block_quote]
Ивчева додава и дека, терористичките групации во регионот повеќе не користат оружје од овој тип, односно оружје произведено во раните 70-ти и 80-ти години, со регистарски ознаки на производство од бившиот СССР и СФРЈ. Таа додава и дека, оружјето кое било запленето од терористичката група во Диво Насеље било со нов производствен датум, и дека „пронајдокот“ е сомнителен.